Филмското студио „Парамаунт“ објави дека ќе прави анимиран филм за „Спајс грлс“, во кој, за разлика од новата турнеја, ќе бидат вклучени сите пет членки. Тие во филмот ќе бидат претставени како суперхероини.

Викторија Бекам, исто како и Ема Бантон, Мел Си, Џери Халивел и Мел Би ќе ги позајмат нивните гласови за филмот, а ќе изведат и некои свои песни.

„Тие многу се заангажираа за филмот“, велат од „Парамаунт“.

Филмот треба да излезе во 2020, а режисер засега не е познат. Првиот, игран филм за „Спајс грлс“ излезе во 1997 и беше голем комерцијален хит.