ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ КОИ СЕ РАЈ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Берлин, (Дојче веле)

Возењето велосипед е еколошко, здраво и достапно. Голем број европски градови трошат милиони евра за да станат подостапни за велосипедистите, да станат градови кадешто се ужива во возењето велосипед. Ова се неколкуте градови кои се успешни во тие концепти.

КОПЕНХАГЕН

Во главниот град на Данска има мрежа од 350 километри велосипедски патеки, систем на семафори кој им дава предност на велосипедистите, како и потпирачи за нозете додека се чека зелено светло. Затоа не е ни чудно што 62% од населението оди со велосипед на работа.

АМСТЕРДАМ

Ова е еден од најубавите градови за возење велосипед во Европа. Велосипедистите поминуваат околу два милиона километри дневно.

ПАРИЗ

Градските власти на Париз со години работат на проширување на велосипедската мрежа. Во неделите, цели улици се затвораат за сообраќај. Како турист, лесно можете да се вклопите во локалното население, бидејќи насекаде има станици за изнајмување велосипеди.

МАЛМЕ

Малме инвестира многу пари за да ја подобри велосипедската инфраструктура. Има речиси 500 километри на патеки, со станици за пумпање гуми. Има и траект за велосипеди меѓу Малме и Копенхаген, со цел да го поттикне велосипедскиот туризам. Има и хотел за велосипедисти со работилница и место за паркинг пред собата.

АНТВЕРПЕН

Антверпен импресионира со големиот број паркинг простори за велосипеди и со одличната инфраструктура. Градот планира да го прошири системот за изнајмување и да изгради патеки покрај пристаништето, како и уште три моста за пешаци и велосипедисти.

БАРСЕЛОНА

Во Барселона уште од почетокот на 2002 можеше да се изнајми велосипед. Во главниот град на Каталонија се достапни 158 километри патеки, а има и 30 зони на ограничена брзина, за да се зголеми безбедноста во градскиот сообраќај.