ФЕСТИВАЛОТ НА КРИТИЧКА КУЛТУРА КРИК ОД ДЕНЕСКА ПО 4. ПАТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 24 јуни ќе се одржува четвртото издание на Фестивалот на критичка култура КРИК, кој го организира Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социокултурен активизам и современи културни практики. Годинава, темата е „Човек без својства – политики на маргините“.

Фестивалот свечено ќе биде отворен утре во 19.30 часот во Чифте амам со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал, Канада. Вечерва во 19.30 часот, во кафе-кино „Котур“ ќе биде прикажан филмот „Јас бев дома, но“ (2019), во режија на Ангела Шанилек, што е во рамките на програмата „Критичко читање низ филмови“, чиј селектор е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат.

Меѓу гостите на првиот дел од Фестивалот се и американскиот писател и филозоф Арон Шустер, Лина Гонан – филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов – теоретичар од Бугарија и други.