МЕРИЛ СТРИП И НА 70 ГОДИНИ СÈ УШТЕ Е НАЈГОЛЕМАТА ХОЛИВУДСКА ДИВА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Ју-Ес-Еј тудеј)

Мерил Стрип, една од најзначајните и најнаградувани актерки во историјата на Холивуд, денеска полни 70. години.

Од дебито на филмското платно во „Џулија“ во 1976 година, Стрип собра рекордни 21 номинација за Оскар, почнувајќи со „Ловец на елени“ во 1979 и триумфираше трипати, а во својата колекција има и осум златни глобуси и три награди Еми.

Со првиот освоен Оскар, во 1980 за „Крамер против Крамер“

„Некои велат дека сум најголемата актерка на светот, некои дека сум преценета, но етикетите не ми значат ништо. Она што ми значи е возбудата кога работам со интересни луѓе, само во такви моменти се чувствувам жива“, вели Стрип, која во кариерата изгубила само пет филмски улоги, вклучувајќи го „Кинг конг“, кога продуцентите рекле дека не е доволно убава.

Вториот Оскар го освои во 1983 за „Изборот на Софија“
Третиот оскар ѝ го донесе улогата на Маргарет Тачер во „Железната лејди“ (2012)
Стрип во „Мама миа!“
Стрип во „Ѓаволот носи Прада“
За „Флоренс Фостер Џенкинс“ ја доби 20. номинација за Оскар
Со Никол Кидман во втората сезона на „Мали големи лаги“ (2019)

 

Со скулпторот Дон Гамнер е во брак од 1978 и заедно имаат четири деца