„МИРАЗУР“ НА ФРАНЦУСКАТА РИВИЕРА ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР РЕСТОРАН НА СВЕТОТ

Сингапур, (Би-Би-Си)

„Миразур“ од францускиот град Ментон е прогласен за најдобар ресторан на светот на посебна свеченост во Сингапур.

Опишан како „ултимативно ресторанско искуство“, „Миразур“ се наоѓа на француската ривиера, а шеф на кујната е Аргентинецот Мауро Колагреко.

„Миразур“ располага и со градина на три нивоа

„Освен што нуди неспоредлив поглед на француската ривиера, ‘Миразур‘ импресионира и со каскадни градини на три нивоа и со тим од неверојатно талентирани готвачи“, се вели во објаснувањето на сајтот „World’s 50 Best Restaurants“, кој го организира изборот од 2002 година како своевидна конкуренција на „Мишелин“.

Шпанија има три ресторани во првите десет, а Франција, Данска и Перу по два.

Мислам дека сум во облаци. Освојувањето на оваа награда покажува дека ако имаш сон, сè е можно“, изјави Колагреко.

Миразур“ е отворен во 2006 година и е носител на три ѕвезди на „Мишелин“.

Второто место го зазеде „Нома“ во Копенхаген, а трет е „Асадор ечебари“ од Шпанија.