ФОТОИЗЛОЖБАТА „ПАТОТ НА СЕФАРДИТЕ“ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во рамките на Скопско лето, во Меморијалниот центар на Холокаустот ќе се отвори изложбата „Патот на Сефардите“.

Изложбата се состои од 20 фотографии, а се организира во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија.

Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefard“ е непрофитна јавна асоцијација, чија цел е заштита на урбаното, архитектонското, историското, уметничкото и културното наследство на сефардските Евреи. Формирано е во 1995 година и се состои од 18 градови, вклучувајќи ги Барселона, Кордоба, Овиедо, Сеговија и Толедо.