Фановите едвај го дочекаа враќањето на „Чудни нешта“ (Stranger Things) по 19 месеци и стриминг гигантот „Нетфликс“ објави дека серијата поставила нов рекорд на гледаност на мрежата.
Сите осум епизоди од третата сезона се достапни на мрежата од 4 јули и во првите четири дена таа била гледана во 40,7 милиони домаќинства. Над 18 милиони веќе ги имаат изгледано сите осум епизоди.
„Нетфликс“ од неодамна почна да ги објавува бројките за гледаноста и на врвот на првата листа се најде филмот „Кутија за птици“, кој бил гледан од 45 милиони домаќинства во првата недела од прикажувањето.
„Непознати нешта“, научно-фантастична хорор приказна сместена во 1980-ите, стана еден од водечките проекти на „Нетфликс“ откако се појави во 2016 година и помогна да се лансираат кариерите на млади актери како Мили Боби Браун и Фил Волфхард, додека во исто време ја претстави Винона Рајдер на нова публика.