НОВАТА КУКЛА БАРБИ МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА ДЕЈВИД БОУВИ

Њујорк, (Гардијан)

Во чест на 50-годишнината од излегувањето на легендарниот албум на Дејвид Боуви „Space Oddity“, производителот на играчки „Мател“ издаде колекционерска кукла инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Наречена Барби како Боуви, куклата е облечена како глем алтер егото на британскиот музичар од почетокот на 1970-ите, дополнето со црвени чизми и соодветна фризура. Нејзината цена е 50 долари.

Ова е соработка на две икони на поп културата. Барби на овој начин му оддава почит на ултимативниот поп камелеон Дејвид Боуви, чии драматични музички трансформации продолжуваат да бидат инспиративни и влијателни“, соопшти „Мател“.

Боуви го претстави ликот на Зиги Стардаст во 1971 година и врз него го базираше албумот „Подемот и падот на Зиги Стардаст и пајаците од Марс“ (1972).