АУДИОКНИГИ СО ШЕПОТ СЕ НОВ ТРЕНД ВО ЕРОТСКАТА ИНДУСТРИЈА

Берлин, (ДПА)

Шепотењето е нов тренд во еротската индустрија, откако милиони луѓе прегледале видеоснимки со звуци за релаксирање.

Откако стана сѐ попопуларен на интернет во изминатите години, Autonomous Sensory Meridian Response (ASMR) сега станува дел од еротските аудиокниги.

Идејата за овие видеа и аудиокниги, кои можат да се најдат во огромна бројка на Амазон и Јутјуб, е дека звуците со шепот го релаксираат слушателот, па дури предизвикуваат мало возбудување и надразнување.

ASMR сѐ уште не е научно одреден, ниту доволно истражен и повеќе се доближува до релаксација отколку до сексуална стимулација. Како и да е, дистрибутерите на еротските аудиокниги со шепотење велат дека имаат одлична продажба.