ВО САД РОДЕН ПРВ НОСОРОГ ДОБИЕН ПО ПАТ НА ВЕШТАЧКО ОПЛОДУВАЊЕ

Сан Диего, (Гардијан)

Поспаното бебе носорог од зоолошката градина во Сан Диего несомнено ќе предизвика радост кај љубителите на животни низ цел свет, но за конзерваторите, тоа е голем чекор напред кон спасувањето на овој животински вид од исчезнување.

Новоредниот јужен бел носорог е прв во САД, а само трет во светот кој е добиен по пат на вештачко оплодување. Неговата мајка Викторија го носела бебето 493 денови и остана целосно мирна за време на получасовното породување во понеделникот, соопштија од зоолошката градина.

„Викторија одлично се сноаѓа како мајка, а и бебето одлично напредува. Тој застана на нозе многу бргу и, се разбира, беше многу нестабилен. Тој е многу сладок, но неговото раѓање има многу поголемо значење“, изјави Барбара Дурент, директорката за репродуктивните науки во зоолошката градина.

Раѓањето на овој јужен бел носорог е дел од планот за спасување на северниот бел носорог, чија популација во светот се намали на само два примерока, и тоа женки. Дурент се надева дека шесте женки јужен бел носорог што се под грижа на нивната зоолошка градина ќе можат да послужат како сурогат мајки за ембриони на северен бел носорог.