По уште еден свој голем филмски хит, Квентин Тарантино објави дека го чека првото дете на 56 години.
„Даниела и Квентин Тарантино се пресреќни што можат да објават дека чекаат бебе“, соопшти двојката.
Двократниот оскаровец ја запознал израелската пејачка и модел Даниела Пик во 2009 година, додека го промовираше филмот „Неславни копилиња“. Тие се венчаа лани, што е прв брак за двајцата.
„Претходно не сум бил женет и не сум имал деца, сега кога се оженив, сакам да имам и деца“, изјави Тарантино минатиот месец во шоуто на Џими Кимел.
Новиот, деветти филм на Тарантино, „Беше еднаш во… Холивуд“, имаше светска премиера на крајот на минатиот месец.