ЛЕТЕЧКИ КИТ МЕЃУ ИНСТАЛАЦИИТЕ ШТО ЌЕ ГО ОБЕЛЕЖАТ ФЕСТИВАЛОТ „БРНИНГ МЕН 2019“

Лас Вегас, (Инсајдер)

Фестивалот „Брнинг мен“ го должи својот углед на утописки спектакл најмногу на уметниците кои секоја година доаѓаат во пустината во Невада за да ги изложат своите неверојатни инсталации.

Темата на годинашниот фестивал, што се одржува од 25 август до 2 септември, е „Метаморфоза“ и ова се некои од проектите кои несомнено ќе привлечат големо внимание.

Марипосита“ или мала пеперутка е седум метри висока скулптура направена од шперплочи, која прикажува женска фигура како излегува од јајце. Авторот Крис Карнабучи вели дека таа претставува трансформација и повторно раѓање.

Небесен кит“ е 27 метри долг и седум метри широк змеј во форма на кит. Тој може да лебди 150 метри на земјата, врзан со 1.220 килограми јажиња.

Се шегувавме како на ‘Брнинг мен‘ има речиси сѐ освен жив кит“, кажа авторот Блејк Маркус.

Одмор“ е два метра висока човечка глава направена од алуминиум и дрво.

Летечка библиотека“ е челична скулптура на човечка глава висока шест метри, која содржи библиотека полна со книги.

I.L.Y.“ е осум метри висока рака направена од челик и отпаден и рециклиран метал. Таа може да се движи и авторот Ден Маунтин ги повика посетителите да дојдат во лична интеракција со неа.