„Хардфејсд“, еден од лидерите на македонската хард кор/метал сцена, денеска го најави излегувањето на својот четврти студиски албум.

Насловен „Бессона дремка на брегот на младоста“ (Dreamless Slumber At The Shores Of Youth), тој ќе излезе во текот на есента под етикетата на „Дајхард рекордс“ и ќе содржи десет песни. За една од нив, следниот месец ќе биде објавен и спот.

Предводен од фронтменот Димитар Савески, охридскиот бенд е основан во 2004 година и првиот албум го објави три години подоцна. Последното студиско издание „Dying Lake“ му излезе во 2014 година.