Германија прослави 70 години каривурст, берлински специјалитет на колбас исечен на парчиња, кој се служи со кари во прав и кечап.
Од сите 1.500 видови германски колбас, каривурст е еден од најпосебните оти најчесто се служи во хартиена чинија со помфрит. Се проценува дека годишно се трошат 800 милиони вакви колбаси, а Германците го сметаат за дел од културното наследство на земјата.
„Тајната е во квалитетот на месото. Во колбасот ставаме и говедско месо, домашно направен топол сос или кари кечап, а вкусот е огномет“, вели еден продавач на штанд со колбаси.
Каривурстот се појавил на крајот на Втората светска војна, кога храната била скапа и жителите на Берлин работеле напорно на изградба на разурнатиот град.