Триесет и осмото издание на Скопски џез фестивал ќе има четиридневна програма и ќе се одржи од 17 до 20 октомври. Главниот дел ќе се одвива во Националната опера и балет, но настани ќе има и во Младински културен центар и во клубот „Епицентар“.
Девет музичари и групи ќе бидат дел од годинашниот фестивал, што го отвораат американскиот гитарист Дејвид Торн и триото на Фред Фрит, ветеранот на англиската авангардна музичка сцена.
Покрај неизбежната американска, СЏФ редовно ја промовира и скандинавската џез сцена, од кадешто оваа година доаѓаат норвешките пијанисти Јон Балке (со неговиот бенд „Батаграф“) и Торд Густавсен.
Единствената жена во главната програма е француската контрабасистка Жоел Леандр.
Џијан Емин исто така ќе има настап со оркестар во рамките на фестивалот, што ќе се одржи на 19 октомври во Денсинг салата на МКЦ.