Како и повеќето светски туристички атракции, и Таџ Махал се соочува со преголем наплив на туристи, но најновиот потег ќе биде нов начин да се истражи неговата убавина.
Туристичките власти на Агра, градот во кој се наоѓа Таџ Махал, изјавија дека палатата отсега ќе биде отворена и во ноќите кога има полна месечина, освен за Рамазан Бајрам, како и во ноќите пред и после полна месечина.
Моментално, Таџ Махал е отворен секој ден од изгрејсонце до зајдисонце, со исклучок на петоците.
Новиот потег ќе им овозможи дополнителна можност на туристите да уживаат во Таџ Махал на месечева светлина. Тој е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство од 1983 година.
Таџ Махал лани ги поскапи влезниците од 70 центи на 3,5 долари за индиски граѓани, односно на 13,5 долари за странци.