„ХАБЛ“ ЈА НАПРАВИ НАЈУБАВАТА ФОТОГРАФИЈА ОД САТУРН ДОСЕГА

Вашингтон, (Мешабл)

Вселенскиот телескоп „Хабл“ направи нова годишна снимка од Сатурн, толку неверојатно детаљна што изгледа нереално.

„Хабл“ редовно ја фотографира најфотогеничната планета во нашиот Сончев систем кога таа ќе се најде на најблиска дистанца до Земјата. Фотографијата датира од 20 јуни, кога Сатурн бил оддалечен 1,36 милиони километри од нас.

Сатурн, втората најголема планета во нашиот Сончев систем, е џин составен од гасовите водород и хелиум, но тој е најпознат по светлите прстени создадени од безброј ледени и карпести честички кои самостојно кружат околу него.

Холандскиот астроном Кристијан Хајгенс прв го идентификувал Сатурн во 1655 година.