Орангутан кој помина 20 години во зоолошка градина во Аргентина е преселен во прибежиште за животни во САД, откако му беа дадени исти права како на човек.
Адвокатите го добија историскиот случај во 2014 година, тврдејќи дека Сандра илегално била држена во Буенос Аирес. Таа стана прва нечовечка личност во Аргентина на која ѝ било дадено право на слобода. Триесет и тригодишното животно пристигна во Канзас во петокот и сега треба да помине низ тестови, пред да се пресели во нов дом на Флорида.
„Животните се чувствителни суштества и првото нешто што го имаат е нашата обврска да ги почитуваме“, изјави судијката Елена Либератори.
Сандра е родена во зоолошка градина во Источна Германија и била продадена во Аргентина во 1995 година. Нејзината правна победа постави преседан за мајмуните да бидат легално третирани како луѓе, не како имот. Оттогаш поминаа пет години, но Сандра остана да живее на истата локација, иако зоолошката градина беше затворена во 2016 година и претворена во екопарк со далеку подобри животни стандарди за животните.
Сандра отсега ќе живее во Центарот за големи мајмуни на Флорида, кој е дом на шимпанза и орангутани ослободени од циркуси, лаборатории, зоолошки градини и приватни колекции. Тие таму слободно се движат меѓу 11 отворени области.