ИЛОН МАСК ГО ПРЕТСТАВИ ЛЕТАЛОТО ЗА СВОИТЕ КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ВО ВСЕЛЕНАТА

Далас, (Би-Би-Си)

Илон Маск го објави изгледот на вселенското летало кое ќе превезува луѓе и товар до Месечината, Марс, но и подалеку во Сончевиот систем и потоа да ги врати на Земјата.

Тој очекува првите пробни летови на „Старшип“ да бидат изведени во наредните неколку месеци, при што тоа ќе достигне височина од 19.800 метри, пред да се врати на Земјата.

„Ова е најинспиративната работа што ја имам видено. Ќе биде навистина епски да се види како оваа огромна работа полетува до 20 километри височина и потоа се враќа на Земјата“, кажа Маск.

Педесет метри високото летало ќе се наоѓа на врвот на ракетата наречена „Суперхеви“.

„Очекуваме таа првпат да оди во орбитата во почетокот на следната година“, додаде Маск, додавајќи дека двата дела ќе можат повеќе пати да се употребат.

Првиот патник со „Старшип“ е јапонскиот милијардер Јусаку Маезава, кој планира да оди на пат околу Месечината.