Рита Ора ги собра сите пофалби, откако дебитираше во водителска улога на доделувањето на Европските музички награди на Ем-Ти-Ви, што се одржа на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Комбинирајќи бизарни и гламурозни модели, 26-годишната британска поп ѕвезда со потекло од Косово се пресоблече дури 13 пати и ги воодушеви сите со својот забавен, шармантен и природен стил на водење.
Дека Рита Ора планира да го краде шоуто цела вечер, беше јасно од самиот почеток, откако излезе на црвениот тепих облечена во бањарка и со пешкир на главата, но и со дијамантски ѓердан и обетки.