Утре во „Веро Џамбо“ од 14 до 18 часот ќе има акција на која што ќе може да се донираат производи за менструална хигиена за девојчињата од социјално ризични групи.
Акцијата ја организира здружението Новинари за човекови права, во рамките на проектот „Да ја намалиме менструалната сиромаштија“. Таа ќе биде поддржана и од амбасадорката на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.
„15 отсто од жените немаат пристап до производи за управување со менструалната хигиена. Високата цена на производите е една од причините за менструалната сиромаштија. Да ѝ се спротивставиме сите заедно и да донираме хигиенски влошки“, велат од Здружението.