НАЈСТАРИОТ БИСЕР НА СВЕТОТ ПРОНАЈДЕН КРАЈ АБУ ДАБИ

Абу Даби, (Би-Би-Си)

Најстариот природен бисер на светот е пронајден во близина на Дубаи, главниот град на Обединети Арапски Емирати.

Со проценета старост од 8.000 години, тој е откриен за време на ископувањата на островот Марава, каде што се пронајдени и најстарите примери на тамошната архитектура. Властите велат дека ова покажува дека во овој регион се тргувало со бисери уште во неолитскиот период.

Наречен „Бисерот на Абу Даби“, тој од овој месец ќе биде изложен во музејот Лувр во Абу Даби.

Со помош на техниката на радиојаглеродно датирање, археолозите утврдиле дека бисерот потекнува од периодот меѓу 5800 и 5600 година пред нашата ера. Бисерите во тоа време се носеле како накит и со нив се тргувало со Месопотамија, денешен Ирак.