„МАРВЕЛ“ И „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“ ДЕНЕСКА СЕ СПОЈУВААТ ВО СТРИМИНГ СЕРВИСОТ „ДИЗНИ ПЛУС“

Лос Анџелес, (АП)

„Дизни“ денеска го лансира својот стриминг сервис „Дизни плус“, сметајќи дека ќе привлече милиони претплатници со мешавина од филмови на „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“, класични анимирани филмови и нови серии.

Во понудата на „Дизни плус“ ќе бидат содржини на „Дизни“, „Пиксар“, „Марвел“ и на „Нешнал џиографик“, а во подготовка се неколку серии поврзани со универзумот на „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“.

„Со интензивното рекламирање, ниската цена на претплатата и со богатата колекција на постари филмови и серии, ‘Дизни плус‘ би требало да има одличен старт“, предвидува аналитичарот Џефри Влодарчак.

„Дизни плус“ во прв момент ќе биде достапен во САД, Канада и Холандија, за месечна цена од 6,99 долари, односно 69,99 долари годишно.