Магазинот „Пипл“ го прогласи американскиот пејач Џон Леџенд за најсекси маж за 2019.
Пејачот, текстописец и продуцент, кој има добиено десет Греми награди, како и Оскар, Еми и Тони, изјави дека почеста доаѓа заедно со притисок, бидејќи го наследува Идрис Елба, кој лани беше носител на ова признание.
„Ова не е фер. Многу сум збунет, но штом ‘Пипл‘ смета дека сум секси, прифаќам“, се пошегува Леџенд.
Тој има две деца со манекенката и ТВ-водителка Криси Тиген.
Изминативе години, за најсекси маж беа прогласени ѕвезди како Двејн Џонсон, Крис Хемсворт, Адам Левин, Ченинг Тејтум и Дејвид Бекам.