„СМАТ“ СО (НЕ)ПОСЛЕДЕН КОНЦЕРТ НА 30 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Смат“, еден од најпопуларните и најдолговечни македонски хардкор/металкор бендови, објави дека на 30 ноември ќе го одржи својот последен концерт на неодредено време.

Причината за оваа непопуларна одлука е што пејачот и еден од основачите на групата Ѓорѓи Иловски заминува во странство, па таа привремено ќе престане со работа. Ова, сепак, не значи и дефинитивен крај на „Смат“ по 20-ина години активност, па затоа концертот е најавен како (не)последен.

И вториот скопски концерт на „Смат“ оваа година ќе се одржи во Младински културен центар, во рамките на ПИН музичката конференција, која е увертира во 21. издание на Таксират. Оној во април беше распродаден, а сега ќе нема ни карти, бидејќи „Смат“ ги чести своите фанови. Само им порача да си дојдат на време, затоа што МКЦ повторно може да биде преполнет.

Г. КОНЕВ