СЕ ГРАДИ ПРВА НАСЕЛБА ВО КОЈА ЖИТЕЛИТЕ НЕМА ДА СМЕАТ ДА ИМААТ АВТОМОБИЛ

Темпе, Аризона, (Вол стрит џурнал)

Нова експериментална населба во Аризона вредна 140 милиони долари ќе им забрани на жителите да имаат свој автомобил, со цел да користат велосипед, електричен тротинет или систем на делење превоз.

Заедницата за илјада жители почна да се гради овој месец во градот Темпе и нејзините инвеститори велат дека е прва од таков тип во САД. Жителите нема да смеат да возат, ниту да паркираат автомобили во рамките на населбата.

Место паркинзи, населбата Кулдесак Темпе ќе добие повеќе јавни и зелени простори, продавници и ресторани. Населбата има и поволна позиција и се наоѓа веднаш до лесната железница која ги поврзува центарот на Темпе, аеродромот и Државниот универзитет Аризона.

Автомобили нема во целост да бидат забранети, но тие ќе можат да се користат само во системот на делење превоз.

Кулдесак Темпе треба да се отвори следната есен и ако се покаже успешен, проектот може да се примени и во други градови.