Шимпанзото Коко, еден од најомилените жители во скопската Зоолошка градина, денеска слави 24 години. Коко е роден во Скопје, но по смртта на мајка му остана единствено шимпанзо во Зоолошката, па почна да покажува знаци на анксиозност. Затоа беше испратен на ресоцијализација во Холандија и во јули годинава беше вратен во Скопје, заедно со уште три шимпанза, Мими, Роси и Хјасл.
Во Скопје, Коко и тројцата другари живеат во огромно живеалиште според светски стандарди, какво што бараат светските организации за заштита на животните.
„Роден во Скопје ЗОО, израснат во Холандија, а по создавањето на добри услови, повторно во Скопје. Сите те сакаме и се грижиме за тебе. Прости им што во минатото си доживеал и лоши денови. Сега, тука за тебе се луѓе кои неизмерно те сакаат и целото внимание го посветуваат на тебе“, посака тимот од Зоолошката градина.