Италијански зимски центар се стреми да стане прв во Европа во кој нема да смее да се употребува пластика, откако било откриено дека еден околен глечер содржи значително количество микропластика.
Забраната на пластиката за еднократна употреба стапи на сила откако деновиве беа отворени патеките на скијачкиот центар Пејо 3000 во Трентино, кој минатата сезона имал 137.000 гости.
„Ова е прв дел од проектот што нашиот скијачки центар треба да го направи најодржлив на Алпите“, изјави неговиот генерален директор Фабио Сачо.
Ваква одлука беше донесена откако научници од Универзитетот во Милано откриле дека површината на глечерот Форни, еден од најголемите во италијанските Алпи, содржи од 131 со 162 милиони пластични честички.
„Ако пластични производи стигнат до планините, тие ќе останат таму долго време, со децении и потоа ќе предизвикаат еколошка и здравствена штета“, кажа глациологот Кристијан Казарото.