ИЗЛОЖБАТА „СКОПЈЕ ПРЕД ОСУМ МИЛЕНИУМИ“ СЕ ОТВОРА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложба на неолитски фигурини и антропоморфни модели од Говрлево ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музеј на Град Скопје.

Насловена „Скопје пред осум милениуми: меѓу божествата и луѓето од Церје-Говрлево“, поставката содржи праисториски претстави на жени, мажи, животни, бесполови ликови и фантастични суштества.

Автор на изложбата е Љубо Фиданоски, археолог и виш кустос во Музеј на Град Скопје.