ВО СИБИР ИСКОПАН ДИЈАМАНТ ОД 190 КАРАТИ

Москва, (Артдејли)

Водечката светска компанија за дијаманти „Алроса“ објави дека во руската област Јакутија е пронајден дијамант од 190,77 карати. Експертите велат дека дијамантот е откриен пред нова година и неговата старост ја проценуваат на две милијарди години.

Руските медиуми пренесуваат дека со натамошни истражувања ќе се уврди точната старост на скапоцениот камен. Дијамантот е безбоен и засега не се знае колку вреди.

„Откривањето на дијамантот непосредно пред Нова година е вистински подарок“, изјави Евгениј Агуреев, заменик-генерален директор на „Алроса“.