АКТЕРКАТА МИШЕЛ ВИЛИЈАМС БРЕМЕНА СО ВТОРО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Пипл)

Холивудската актерка Мишел Вилијамс се сврши со режисерот Томас Кејл и е бремена со второ дете, потврди извор близок до двојката. Вилијамс ја има 14-годишната ќерка Матилда од врската со Хит Леџер, кој почина во 2008.

Триесет и деветгодишната Вилијамс, која има четири номинации за Оскар, летото 2018 се венча со музичарот Фил Елверум, но се разведоа по само неколку месеци.

Вилијамс периодов го снима „Веном 2“ и доби номинација за Златен глобус за најдобра актерка за минисеријата „Фос/Вердон“, што веќе ѝ донесе награда Еми. Серијата ја режираше токму Кејл.