МАРАЈА КЕРИ ИМА НАЈСЛУШАНА ПЕСНА ВО ЧЕТИРИ ДЕКАДИ

Лос Анџелес, (АФП)

Поп дивата Мараја Кери има долга листа на хитови низ годините, а нејзината празнична песна ѝ помогна да влезе во историјата како прв музичар кој бил на врвот на американската топ листа во четири различни декади.

„Сѐ што сакам за Божиќ си ти“ (All I Want For Christmas Is You) веќе трета недела е број 1 на топ 100 на Билборд според продажбата, радиоемитувањата и стримувањето. Тоа значи дека Кери имала најслушана песна во 1990-ите, 2000-ите, 2010-ите и сега во 2020-ите.

Една од најпопуларните празнични песни излезе во 1994, а славата ја обнови во филмот од 2003, „Навистина љубов“ (Love, Actually). До првото место стигна дури во 2019, благодарение на тоа што Билборд ги промени правилата за тоа кои песни можат да се квалификуваат.