Тим на лекари соработуваше со ветеринари од зоолошката градина во Сан Диего за да ја изведат првата операција на око кај горила.
Очниот хирург Крис Хајхел вели дека досега оперирал илјадници луѓе на возраст од еден ден до 105 години, но сега за првпат пациент му беше горила.
Тригодишната Лесли, тешка 30 килограми, забрзано го губеше видот на левото око, веројатно како резултат на повреда и затоа зоолошката градина на помош повика тим од офталмолози и анестезиолози од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.
Лекарите морале со лекови да ги блокираат мускулите на Лесли за да се спречи и најмало движење на окото. Хајхел притоа користел микроскоп за да ја отстрани природната леќа и да ја замени со вештачка.
„Анатомските сличности помеѓу очите на човек и горила помогнаа операцијата да не биде многу тешка“, рекоа од зоолошката градина.