ХИТ СЕРИЈАТА „МОДЕРНО СЕМЕЈСТВО“ ЗАВРШУВА ВО АПРИЛ

Лос Анџелес, (АП)

По 11 сезони, „Модерно семејство“ ќе престане да се емитува на 8 април, за кога е закажано финалето на серијата.

Таа стана хит уште со првата епизода во 2009 и со „Фрејзер“ го држи рекордот на освоени пет Еми награди за најдобра телевизиска комедија.

Пред финалето, Еј-Би-Си за 11 март најави посебна емисија што ќе ја подготват обожавателите. Следниот месец ќе може да се гласа за омилени епизоди и сцени и извадоци од нив ќе се емитуваат во вечерта посветена на „Модерно семејство“.

Телевизијата објави дека не се планирани нови верзии или продолженија на „Модерно семејство“.