Фановите на Ники Минаж се разочарани од тоа како е претставена американската пејачка на нејзината восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Берлин.
Музејот во почетокот на месецов ја откри восочната фигура на раперката, во поза со двете раце и нозе на земја, која е препознатлива од спотот за нејзиниот хит „Анаконда“. Сепак, социјалните мрежи не реагираа со воодушевување.
„Восочната фигура на Ники Минаж ме расплака“, напиша еден фан на Твитер, а друг коментираше: „Тоа не е Ники. Повеќе ме потсетува на лик од ‘Мортал комбат’“, споредувајќи ја со насилната видеоигра.
„Ова е големо непочитување на Ники Минаж“, се голем број од коментарите.
Некои од фановите побараа фигурата да се преработи.