ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ ГИ ДОБИ БЕЛИТЕ ЛАВОВИ БЕЛА И ЧАКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопската Зоолошка градина доби бели лавови. За првпат, Зоолошката е дом на овие животни, за кои веќе е оспособено живеалиште.

Женката Бела стигна од Германија вчера, а наредната недела треба да пристигне и мажјакот Чака од Франција.

„Планираме да донесеме и бели тигри и други бели видови. Вложуваме многу за нашата Зоолошка што побргу да стане европска. Моја цел е оваа пролет, кога ќе биде отворен Дино паркот и ќе стигнат уште некои животни како фламинга, да постигнеме рекордна посетеност“, вели Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоолошката градина.

Пред неколку дена, од Љубљана стигнаа три белоносести коатија, кои, исто така, досега ги немало во градината.

А. АНТЕВСКА