СЕМЕЈСТВОТО НА ФИЛМСКИ КОМПОЗИТОРИ ЊУМЕН СТИГНА ДО БРОЈКАТА ОД 93 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР

Лос Анџелес, (АП)

Њумени се една од најуспешните и најнаградувани династии во историјата на Холивуд и два нејзини члена и оваа година се најдоа меѓу номинираните за оскар. Оваа фамилија на филмски композитори досега има вкупно 93 номинации за оскар и 12 освоени.

Томас Њумен (63) е номиниран за најдобра музика за филмот „1917“, чекајќи го својот прв оскар во 15 обиди, што го прави еден од најголемите губитници досега.

Еден од конкурентите ќе му биде неговиот братучед Ренди (76), веќе двократен оскаровец, кој сега е номиниран во две категории: најдобра музика („Брачна приказна“) и најдобра песна („Приказна за играчките 4“). Тој стигна до бројката од 22 номинации.

Алфред Њумен, таткото на Томас, има освоено девет оскари од 43 номинации, а со еден се закити и неговиот брат Лајонел (11 номинации). По една номинација имаат и неговиот друг брат Емил и синот Дејвид.