Во скопската Зоолошка градина вчера се роди првото бебе оваа година. Станува збор за мајмун од видот патас.

Надлежните од градината велат дека уште не го знаат полот на бебето, но доколку биде женка, ќе се вика Атиџе, според главната протагонистка во филмот „Медена земја“, кој вчера доби две номинации за Оскар.