ДАНСКА ПРОГЛАСЕНА ЗА ЗЕМЈА ВО КОЈА Е НАЈДОБРО ДА СЕ ОДГЛЕДУВА ДЕТЕ

Њујорк, (Дејли мејл)

Скандинавските држави ја предводат листата земји во кои што е најдобро да се одгледува дете.

Данска е прогласена за најдобро место за почнување семејство поради нејзините „дарежливи политики на породилно отсуство и за мајката и за таткото“, како и поради бесплатните здравствена грижа и образование.

Следуваат Шведска и Норвешка, кои исто така се опишани како држави во кои се води голема грижа за семејството, но имаат и ниска стапка на криминал и одлични програми за социјална заштита.

Листата заеднички ја подготвија БАВ груп“ и училиштето Вортон на универзитетот Пенсилванија и во првите десет уште се Канада, Холандија, Финска, Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија. Истражувањето опфати 73 држави, од кои Казахстан го зазеде последното место, а од бивша Југославија, Хрватска котира највисоко, на 24. позиција.