„Томб рајдер“ е меѓу деветте видеоигри кои се овековечени во најновата колекција поштенски марки на Британската државна пошта.
Сетот од 12 марки ја прикажува еволуцијата на дизајнот и технологијата на британските видеоигри: од сликите со пиксели во „Елит“ од раните 1980-ти до „Томб рајдер“ во доцните 1990-ти.
Секоја игра има своја марка, а Лара Крофт, како најпознат лик, ја има на четири примероци, на кои е прикажано како се менуваше нејзиниот изглед низ годините.
„Целта ни беше да го доловиме легендарниот изглед на видеоигрите, што ќе ги потсети луѓето кои порано ги играле“, изјави креативниот директор на „Битмеп букс“, Сем Дајер.