ГРАД НА МРТВИТЕ ВО РУСИЈА – МЕСТО КАДЕ ШТО СЕ ПОСТИГНУВА МИР СО СТРАВОТ ОД СМРТТА

Москва, (Би-Би-Си)
Crypts at hill near Dargavs village, North Osetia, Russia

На приодот на далечното руско село Даргевс лежи средновековна некропола што соодветно ја нарекуваат Град на мртвите. Ова древно погребно земјиште ги содржи останките на повеќе од 1.000 луѓе, заедно со облеката и други лични предмети и некои локални жители веруваат дека секој што ќе се осмели да влезе внатре нема да се врати жив.

Многу мистерии ги опкружуваат гробиштата што се наоѓаат во близина на границата со Грузија (дури и нивната старост не е точно утврдена и се смета дека се најрано од 12. век), научниците полека ја разоткриваат нивната историја.

Ова подрачје почнало да се користи за гробишта во 16. век, но потеклото останува нејасно. Едни ги поврзуваат надземните градби со монголско-татарската инвазија од 13. век, други со индо-иранските традиции на погребување.

Денес, овој локалитет содржи 99 исклучително добро зачувани средновековни крипти со заоблен покрив и еден прозорец. Некои лешеви внатре се во толку добра состојба, што месото сѐ уште е поврзано со коските.

„Оние кои доаѓаат овдека за да се воодушевуваат на убавината на местото постигнуваат мир со вечниот страв од смртта“, вели руската историчарка Људмила Габоева.