Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека се откажуваат од своите кралски титули и дека на државата ќе ѝ вратат 2,4 милиони фунти, колку што биле вложени во обновата на нивниот дом во Виндзор. Тие одлучија да ги напуштат своите улоги како повозрасни членови на кралското семејство и се очекува од оваа пролет многу повеќе да живеат во Канада, каде што ќе работат на тоа да бидат финансиски независни.
Во 2016 година, и официјално беше потврдено дека принцот Хари веќе неколку месеци е во врска со актерката Меган Маркл. Тие првпат беа снимени заедно на јавен настан во Торонто наредната година.
Само неколку месеци подоцна, Хари и Меган објавија дека се свршиле.
Во февруари 2018, двојката првпат се појави заедно на настан организиран од кралското семејство.
Хари и Меган се венчаа на 19 мај 2018 во замокот Виндзор.
Во јуни 2018, војвотката од Сасекс првпат ја придружуваше кралицата Елизабета Втора на кралски настан.
Есента 2018, Хари и Меган потврдија дека го чекаат првото дете, кое треба да се роди на пролет.
Арчи Харисон се роди на 6 мај 2019 и стана седми во редот за наследство на тронот.
Во јуни 2019, Хари и Меган објавија дека излегуваат од фондацијата на Вилијам и Кејт и дека ќе почнат своја сопствена фондација.
По враќањето од семејниот одмор во Канада, Хари и Меган на 8 јануари објавија дека ќе се повлечат од своите кралски должности.