Гледање филм во кино може да биде добро за вас исто како и лесно вежбање затоа што соживувањето со филмот го забрзува пулсот, се вели во истражувањето што го спроведе Лондонскиот универзитет.

Утврдено е дека при гледање филм, луѓето околу 45 минути поминуваат во состојба на таканаречена здрава срцева зона. Оние кои повеќе се соживеале со филмот потоа покажале подобра концентрација и побрзо решавање на проблеми.

Телото реагира и почнува со „вежбањето“ во моментот кога мозокот се концентрира исклучиво на филмот. Во тој момент, работата на срцето на просечен 30-годишник се забрзува до 95-160 отчукувања во минута. Вакво забрзување може да се постигне и со кардиоваскуларни вежби со помал интензитет, како шетање или работа во градина.

„Културни случувања, како одење во кино, му овозможуваат на мозокот целосно да посвети внимание на една работа на подолг временски период. Во кино може само да се задлабочите во филмот. Исто така, способноста да задржиме внимание е клучна во изградбата на нашата ментална отпорност“, вели д-р Џозеф Девлин, професорот по невронаука на Лондонскиот универзитет.