„ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ“ СЛАВИ 40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Една од највлијателните југословенски рок групи „Електрични оргазам“ ќе ја прослави својата 40-годишнина и во Скопје.

Славеничкиот концерт за македонските фанови ќе се одржи на 26 март во Младински културен центар во организација на „Авалон продукција“ и е дел од турнејата со која групата го одбележува овој јубилеј. Картите по цена од 700 денари утрово се пуштени во продажба.

Предводен од Срѓан Гојковиќ-Гиле, „Електрични оргазам“ беше дел од новиот бран на југословенскиот рок во почетокот на 1980-ите, кога заедно со „Шарло акробата“ и „Идоли“ го сними култниот албум „Пакет аранжман“. Со 11 студиски изданија зад себе, „Електрични оргазам“ е еден од најдолговечните српски бендови.