35-ГОДИШНА САМОХРАНА МАЈКА ИЗБРАНА ЗА МИС ГЕРМАНИЈА

Фрајбург, (Дојче веле)

Германија засекогаш ги промени правилата на играта откако за Мис избра 35-годишна самохрана мајка.

Леони фон Хасе, која е сопственик на онлајн продавница за стара облека, беше највозрасната меѓу 16-те финалистки на изборот, што традиционално се одржува во близина на Фрајбург.

„Жените веќе долго време не се заинтересирани да се стремат кон конвенционален стандард на убавина. Мојата перцепција за ‘убава‘ жена се силата, карактерот и автентичноста со кои зрачат“, изјави Фон Хасе.

Германија за првпат во 93-годишната историја на изборот на Мис дозволи учество на мажени жени и мајки, а возрасната граница беше зголемена за десет години, на 39 години. Друга новина е што шестчленото жири беше составено само од жени.