Витни Хјустон се враќа на концертната сцена осум години по нејзината смрт.

Холограмската верзија на легендарната американска пејачка ќе ја почне европската турнеја на 25 февруари во Англија и ќе трае до април, по што се очекува да продолжи и во САД. На турнејата „Вечер со Витни“ таа ќе „настапи“ покрај придружни вокали и танчари.

Турнејата има целосна поддршка од семејството на Витни Хјустон и е организирана од нејзината снаа и бивша менаџерка Пет Хјустон.

„Има критичари кои се против оваа технологија, но тоа е технологија на иднината и тоа е една од причините што се согласив да учествувам. На овој начин му оддаваме почит на нејзиното наследство и затоа создаваме шоу за кое сум сигурен дека целосно ќе ѝ се допаднеше. Сигурна сум дека и фановите ќе бидат горди“, изјави директорката на турнејата и кореографка Фатима Робинсон.

Креирањето на холограмот почнало пред пет години и притоа биле комбинирани двојничка, стотици часови од настапите на Хјустон и специјални ефекти.

„Направивме холограм на ист начин како што беше направена Кери Фишер за ‘Војна на ѕвездите‘. Тоа е долг, голем и сложен процес, но мислам дека ќе биде успешно“, кажа Марти Тјудор, извршен директор на „БЕЈЗ холограм“, компанија која ги „оживеа“ и Рој Орбисон и Марија Калас.