УБАВИНАТА НА ТАЏ МАХАЛ ГИ ЗАНЕМЕ И ДОНАЛД И МЕЛАНИЈА ТРАМП

Њу Делхи, (Дејли мејл)

Доналд и Меланија Трамп неколку минути немо му се воодушевуваа на најпознатиот светски споменик на љубовта, откако денеска пристигнаа во прва официјална посета на Индија.

Како ретко кога во јавност, тие се држеа за раце застанати пред Таџ Махал, белата мермерна гробница што могулскиот цар Шах Џахан ја изградил во 1643 година за својата сопруга Мумтаз Махал.

(Фото: Гети)

„Неверојатно, навистина неверојатно место“, изјави Трамп.

Белиот комбинезон што првата дама на САД го носеше при посетата на Таџ Махал е креација на француско-американскиот дизајнер Ерве Пјер, кој изјави дека го направил специјално за оваа прилика.

Во околината на Таџ Махал живеат околу илјада мајмуни, но тие не биле забележани во близина на Трамп. Индија презеде мерки да го спречи тоа, распоредувајќи дополнителен број полицајци.