КОРОНАВИРУСОТ ГО ПРЕКИНА СНИМАЊЕТО НА „НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА 7“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)
Left to right: Director Christopher McQuarrie, B Camera/Steadicam Operator Marcus Pohlus and Tom Cruise (right) on the set of MISSION: IMPOSSIBLE - FALLOUT, from Paramount Pictures and Skydance.

Снимањето на најновиот дел од серијалот „Невозможна мисија“ во Италија е прекинато поради загриженоста од ширењето на коронавирусот.

Снимањето на седмиот дел требаше да се одвива во Венеција во наредните недели, но „Парамаунт“ донесе одлука за запирање на продукцијата. Во Италија досега се регистрирани 283 заразени, од кои 38 во Венето, регион на кој му припаѓа и Венеција. Неколку градови во северна Италија се ставени во карантин.

Според „Холивуд рипортер“, Том Круз не ни бил пристигнат во Италија, но остатокот од екипата бил вратен дома.

„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе ги слушаме препораките на здравствените власти на Венеција“, објави „Парамаунт“.

„Невозможна мисија 7“ треба да излезе на 23 јули 2021, а осмиот дел е закажан за август 2022. Двата филма ќе ги режира Кристофер Меквери.