НОВИОТ „АУДИ А3“ ЌЕ ИМА СЕДИШТА ОБЛОЖЕНИ СО РЕЦИКЛИРАНА ПЛАСТИКА

Минхен, (Карскупс)

„Ауди“ објави дека новата генерација на „А3“ ќе има седишта обложени со ткаенина добиена од рециклирана пластика.

За да се обложат четирите седишта, биле потребни 45 шишиња од 1,5 литри, а уште 62 биле искористени за теписите.

Од „Ауди“ велат дека оваа ткаенина е еднакво квалитетна како онаа која се користи во нивните други модели. „Ауди“ ќе понуди неколку различни бои и дизајни на седиштата.

„Со рециклираниот материјал засега не може да се тапацира целото седиште, бидејќи долниот слој од ткаенината е врзан за горниот со лепак, па тоа ни претставува предизвик. Работиме на тоа да го замениме тоа со рециклирачки полиестер“, изјави шефот на одделот за текстил Уте Гронхајм.

Новиот „А3“ ќе биде претставен на претстојниот Автосаем во Женева.