ПО 13 ГОДИНИ, „ОПЕЛ КОРСА“ Е ПОВТОРНО АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Opel Corsa

„Опел корса“ ја понесе титулата Автомобил на годината во Македонија.

„Корса“ беше еден од шесте финалисти издвоени од националното жири, при што ги победи „кија ексид“, „тојота РАВ4“, „мазда 3“, „БМВ 1“ и „сангјонг корандо“.

„‘Корса‘ во целост ги оправда очекувањата како прв сосема нов модел откако ‘Опел‘ стана дел од семејството на ‘ПСА‘. Современиот изглед и модерните технологии, меѓу кои е и електричната погонска група, ѝ даваат предност на пазарот, особено во земји како Македонија, каде што купувачите ќе ги освојува и со атрактивната цена“, се вели во образложението на жирито.

За теренец (СУВ) на годината е прогласена петтата генерација на „тојота РАВ4“.

Ова е втор триумф на „корса“ во 25-годишната историја на изборот, по оној во 2007.